Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува конзорциумот на АЕКОМ
СОЦИЈАЛНА И ЕКОНОМСКА ПЛАТФОРМА ЗА ПОМОШ ОД ОПШТИНА ЧАИР (СЕАП)
Местоположба на проектот:
Скопски регион: Општина Чаир.
Времетраење на проектот:
20 месеци: од 09.12.2015 до 09.08.2017.
Севкупна цел:
Да се придонесе за поголема социјална и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво.
Специфични цели:
Да се промовира меѓусекторски модел на социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
Да се развие консултативен механизам за зголемена социјална и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво;
Да се зајакне стратешкиот приод кон зголемување на социјалната и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво;
Да се промовира пилот програма за социјална и економска помош за ранливите групи на општинско ниво.
Целни групи / корисници:
Персоналот/експертите од Општина Чаир, Центарот за социјална работа – Скопје, Агенцијата за вработување, и локалните НВОи;
Локални претставници на ранливите групи;
Членови на СЕАП.
Активности:
1)
Состаноци со клучните засегнати страни за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
Создавање на локална Платформа за социјална и економска помош – СЕАП (Општина Чаир, Центар за социјална работа – Скопје, Агенција за вработување, и НВОи);
Изработка на програми за обука за експерти од СЕАП;
Спроведување на обуките за СЕАП за помош на ранливите групи во Општина Чаир.
2)
Анализа на достапните податоци за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
Профилирање на ранливите групи во Општина Чаир;
Усвојување на Стратегија за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир (2014-2020).
3)
Дизајнирање и покренување на портал на СЕАП за поврзување на ранливите групи во Општина Чаир до социјалната и економска помош;
Отворање на СЕАП „линија за помош“ за упатување на ранливите групи во Општина Чаир до социјалната и економска помош;
Создавање на мобилни тимови на СЕАП за давање на социјални и економски насоки на ранливите групи во Општина Чаир.