ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа (ЦСР) – Скопје
СОЦИЈАЛНА И ЕКОНОМСКА ПЛАТФОРМА ЗА ПОМОШ ОД ОПШТИНА ЧАИР (СЕАП)
Местоположба на проектот:
Скопски регион: Општина Чаир.
Времетраење на проектот:
20 месеци: од 09.12.2015 до 09.08.2017.
Севкупна цел:
Да се придонесе за поголема социјална и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво.
Специфични цели:
- Да се промовира меѓусекторски модел на социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
- Да се развие консултативен механизам за зголемена социјална и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво;
- Да се зајакне стратешкиот приод кон зголемување на социјалната и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво;
- Да се промовира пилот програма за социјална и економска помош за ранливите групи на општинско ниво.
Целни групи / корисници:
- Персоналот/експертите од Општина Чаир, Центарот за социјална работа – Скопје, Агенцијата за вработување, и локалните НВОи;
- Локални претставници на ранливите групи;
- Членови на СЕАП.
Активности:
1)
- Состаноци со клучните засегнати страни за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
- Создавање на локална Платформа за социјална и економска помош – СЕАП (Општина Чаир, Центар за социјална работа – Скопје, Агенција за вработување, и НВОи);
- Изработка на програми за обука за експерти од СЕАП;
- Спроведување на обуките за СЕАП за помош на ранливите групи во Општина Чаир.
2)
- Анализа на достапните податоци за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
- Профилирање на ранливите групи во Општина Чаир;
- Усвојување на Стратегија за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир (2014-2020).
3)
- Дизајнирање и покренување на портал на СЕАП за поврзување на ранливите групи во Општина Чаир до социјалната и економска помош;
- Отворање на СЕАП „линија за помош“ за упатување на ранливите групи во Општина Чаир до социјалната и економска помош;
- Создавање на мобилни тимови на СЕАП за давање на социјални и економски насоки на ранливите групи во Општина Чаир.
Организација предводник:
Општина Чаир / Komuna e Çairit – Скопје
Партнерска организација:
Здружение за развој на демократија „Иницијатива за европска перспектива“ – Скопје
Контакт податоци:
ОПШТИНА ЧАИР – СКОПЈЕ
Норик СЕЛИМИ, Проектен директор
+389 75 306 309
norik@cair.gov.mk
ipa@cair.gov.mk
www.cair.gov.mk
Норик СЕЛИМИ, Проектен директор
+389 75 306 309
norik@cair.gov.mk
ipa@cair.gov.mk
www.cair.gov.mk
МЕЃУОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА – СКОПЈЕ
Нергис МУЦА, Директор на Подружница Чаир
nergis.muca@gmail.com
Нергис МУЦА, Директор на Подружница Чаир
nergis.muca@gmail.com