Добре дојдовте на веб страницата на проектот
Техничка помош во управување и мониторирање на проекти
од грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија“
EuropeAid/132633/C/SER/MULTI
Нашиот проект е нарочно осмислен да им обезбеди техничка помош на корисниците на грант од повикот за предлог проекти „Поттикнување на социјална инклузија“ – EuropeAid/135012/M/ACT/MK. Во програмата се опфатени:
- 26 грантови проекти, кои ги спроведуваат
- 66 различни организации, како национални така и меѓународни, главно
- организации на граѓанското општество, но и
- општини, и
- јавни установи.
Техничката помош ќе се пружа на 3 начини, и тоа преку:
- теоретски предавања и размена на искуства за време на обуки за управување со грантови и семинари за лидерство и управување,
- практични проверки и советување за време на теренски посети, и
- онлајн шалтер за информации, конкретно преку форумот на оваа веб страница.
Повеќе информации за целите и активностите на нашиот проект може да прочитате во делот За нас.
Во делот за Грантисти може да прочитате краток осврт за сите 26 грантови проекти и да најдете контакт податоци за соодветните организации изведувачи.
Подробни информации за нашите обуки, семинари и посети ќе ги објавуваме во делот за Настани, како што истите ќе се случуваат. Таму ќе може да ги најдете и врските до соодветните албуми на Фејсбук, со фотографии сликани за време на овие настани.
Сите материјали што ќе се прикажуваат, разговараат и вежбаат за време на нашите настани ќе ги објавуваме во делот за Ресурси. Ве молиме да имате во предвид дека сите посетители на нашата веб страница може слободно да ги симнуваат ресурсите, но за потребите на евиденција ќе Ви биде побарано да внесете вежечка адреса на електронска пошта.
Но, пристапот до Форум е ограничен само за персоналот ангажиран на спроведувањето на 26-те грантови проекти, бидејќи во Форумот ќе разговараме само за конкретни прашања коишто ќе произлезат од тековното спроведување на овие проекти.
Уживајте во посетата на нашата веб страница и за секое дополнително прашање слободно Контактирајте нè.