

Глобалната цел на проектот е да се овозможи погодна средина во која ефикасно и ефективно ќе се спроведуваат грантовите проекти на полето на социјална инклузија.
Официјалниот јазик на комуникација за сите грантови проекти од грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија“ е англиски. Воедно, и нашите експерти доаѓаат од меѓународната заедница, како и некои од организациите кои се корисници на грантовата програма.
Сепак, ние ќе обезбедиме македонски и албански превод на сите материјали за обука, како и официјално толкување на сите наши настани.
Најмалку 6 пати во текот на наредните 2 години ќе организираме еднодневни семинари за лидерство и управување. Преку работилници на семинарите, кои ќе се фокусираат на искуството од проектот, предизвиците и решавањето на проблеми, ние ќе размениме успешни практики со Вашите координатори на тема стратешко планирање и проектно управување.
Со цел навистина да го разбереме контекстот во кој работите, ние ќе дојдеме во теренска посета (посета на лице место), во просториите на организацијата предводник во Вашиот грантов проект.
Нашиот проект ќе покрене интерактивна веб страница. Покрај стандардните информации поврзани со грантови и стандардните врски до меродавните засегнати страни, оваа веб страница ќе Ви обезбеди 3 особено корисни алатки.
Ќе организираме 2 дена обука во средишната фаза од Вашиот грантов проектот, и уште 2 дена обука во завршната фаза (фаза на поднесување извештаи) од Вашиот грантов проект. Бидејќи очекуваме голем број на учесници, обуките ќе бидат организирани во 4 групи од по приближно 30 учесника.
Сите наши настани ќе бидат организирани во Скопје. Речиси половината од организациите кои ги спроведуваат грантовите проекти се со седиште во Скопје. Исто така, Скопје е најлесно достапно за останатите учесници кои доаѓаат од внатрешноста на земјата.
На учесниците кои доаѓаат од внатрешноста на земјата ќе им бидат исплатени патни трошоци.
Учесниците кои доаѓаат од градови над 150 км оддалечени од Скопје ќе имаат право на хотелско сместување.
Меѓународните учесници, за потребите на проектот, ќе се сметаат дека се со седиште во Скопје и нема да имаат право на поврат на патните трошоци, ниту на хотелско сместување, како дел од овој проект.
Навремено ќе бидете поканети на сите наши проектни настани, и на време пред секој настан ќе Ви бидат проследени подетални упатства.