Младинско здружение за општествена акција, едукација и превентива (ЕАСП) – Прилеп
МОБИЛНА КУЈНА
Местоположба на проектот:
Општините Македонски Брод, Прилеп, Кичево, Битола.
Времетраење на проектот:
18 месеци: од 14.12.2015 до 14.06.2017.
Севкупна цел:
Да се создадат можности за вработување на лица со попречености и да се обезбеди достава на квалитетни оброци за постари лица, социјално исклучени и болни граѓани во општина Македонски Брод.
Специфични цели:
- Да се оснажат младите лица со попречености да бидат конкурентни на пазарот на труд;
- Да се создаде локална служба за поддршка за социјално исклучените лица.
Целни групи / корисници:
- Млади лица со попреченост;
- Државни службеници.
Активности:
A1
- Студиска посета во Србија за пренос на знаења и вештини;
- Регрутирање и обука на младите лица со попречености коишто ќе работат во Кујната;
- Опремување на Кујната;
- Секојдневни активности во Мобилната кујна (подготовка на храната, пакување, достава);
- Подготовка на промотивен материјал (летоци, интернет страница, Фејсбук профил, радио реклама).
A2
- Обуки за млади лица со попреченост за оснажување на нивните вештини.
A3
- Обуки за зајакнување на капацитетите на државните службеници за да се стекнат со знаење, вештини, алатки и техники за поддршка на лицата со попреченост;
- Јавни дискусии со деловниот сектор, локалната администрација, претставници од НВОи, претставници на АВРМ и меѓуопштинските центри за социјална работа во Македонски Брод, Кичево, Прилеп и Битола.
Организација предводник:
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа (ЦСР) – Македонски Брод
Партнерска организација:
Контакт податоци:
ЈУ МЕЃУОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА (ЦСР) – МАКЕДОНСКИ БРОД
Ана МИЛОШЕСКА
+389 72 321 772
Miloseska989@hotmail.com
Ана МИЛОШЕСКА
+389 72 321 772
Miloseska989@hotmail.com