ПИЛОТИРАЊЕ НА МОДЕЛ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Местоположба на проектот: 

Скопски регион: десетте урбани општини и следниве: Арачиново, Чучер-Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Зелениково.

Времетраење на проектот: 

18 месеци: од 14.12.2015  до 14.06.2017.

Севкупна цел: 

Да се промовира рамноправна и активна вклученост на лицата со попречености на отворениот пазар на труд.

Специфични цели: 

Да се пилотира и промовира модел на одржливо вработување на лица со попречености, врз основа на нивните способности да придонесат како рамноправни и активни граѓани.

Целни групи / корисници: 
  • Лица со попреченост;
  • Бизнис сектор;
  • Јавни институции одговорни за вработување лица со попречености;
  • Граѓански организации;
  • Експерти и професионалци;
  • Поширока јавност.
Активности: 

1) Зголемување на вработливоста и пристапот до отворениот пазар на труд за лицата со попречености:

  • Избор на лица со попреченост што ќе учествуваат во активноста;
  • Обезбедување обука за основни вештини за вработување (меки вештини);
  • Обезбедување индивидуална посебна обука за вештини релевантни за конкретни идентификувани слободни работни места;
  • Менторство на лица со попреченост кога се пријавуваат и почнуваат нова работа.

2) Зајакнување на капацитетите на претпријатијата да понудат вработување без пречки за лицата со попреченост:
  • Истражување меѓу различни видови работодавачи за ставовите, потребите и пречките со кои претпријатијата се соочуваат во врска со вработувањето лица со попреченост;
  • Работилници за персоналот од човечки ресурси;
  • Практичен прирачник за претпријатијата: „Вработување и управување со лица со попреченост“ (работен наслов);
  • Скроени пакети за поддршка на претпријатијата.

3) Информирање за потребите, можностите и користа од вработувањето лица со попречености:
  • Креирање и функционирање на интернет-платформа за размена на информации и искуства;
  • Организирање средби за размена со колеги меѓу работодавачите на лица со попреченост;
  • Подготовка на видео материјал за три успешни приказни од проектот (на пример, вработени лица со попреченост);
  • Подготовка на известување за политики за унапредување на социјалната вклученост на лицата со попречености на отворениот пазар на труд.
Организација предводник: 

Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ – Скопје

Партнерска организација: 
Здружение „Конект“ – Скопје
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Весна ЈОВАНОВА, Проектен менаџер
+389 75 342 331
vjovanova@openthewindows.org

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АСИСТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА „ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ“ – СКОПЈЕ
Маргарита ГУЛЕВСКА, Лице за односи со јавноста
+389 2 306 8630
+389 70 514 631
margarita.gulevska@openthewindows.org
www.openthewindows.org
https://www.FACEBOOK.com/Open-the-Windows%D0%9E%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%...
https://mobile.TWITTER.com/openthewindows
https://www.YOUTUBE.com/user/OTWNGO