ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА УЧЕСТВОТО НА ЖЕНИТЕ РОМКИ ВО ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Местоположба на проектот: 

Скопски регион; Западна Македонија: Општините Гостивар, Дебар, Тетово; Источна Македонија: Делчево, Берово, Пехчево.

Времетраење на проектот: 

18 месеци: од 14.12.2015  до 14.06.2017.

Севкупна цел: 

Да се поддржи зголемената вклученост на жените Ромки на пазарот на труд.

Специфични цели: 

Развиен работниот потенцијал на жените Ромки за влез на пазарот на труд.

Целни групи / корисници: 

Првенствено ромската популација, но и останатите етнички малцинства во целниот регион не се исклучени.

Активности: 
  • Идентификување на жените Ромки за градење на нивните капацитети за работа;
  • Анализирање на понудата и побарувачката на пазарот за жени Ромки;
  • Зајакнати стручни вештини на жените Ромки;
  • Подобрени вештини за самовработување на Ромките-претприемачи;
  • Информирање и мотивирање на засегнатите страни за зголемено учество на жените Ромки на пазарот на трудn.
Организација предводник: 

Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП) – Скопје

Партнерска организација: 
НВО „Кхам“ – Делчево
Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите (ХДЗР) „Месечина“ – Гостивар
Микрокредитна фондација „Хоризонти“ – Скопје
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Лазар НЕДАНОСКИ, Проектен менаџер
zur@mrfp.mk

ПАРТНЕРСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Зекир АБДУЛОВ, „Кхам“, Виш проектен службеник
Ѓулфер ТОЧИ, „Месечина“, Виш проектен службеник
Билјана НАСТОВА, „Хоризонти“, Виш проектен службеник