ПОДОБРУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕТО НА РОМИТЕ ПРЕКУ ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА

Местоположба на проектот: 

Скопски регион: Општина Шуто Оризари; Источен регион: Делчево, Виница, Црник и Тработивиште.

Времетраење на проектот: 

24 месеци: од 29.12.2015  до 30.12.2017.

Севкупна цел: 

Да се зголеми долгорочната вработливост на маргинализираните ромски заедници преку образование и обука на возрасни, програми за описменување и зголемен пристап до образование и грижа од рано детство.

Специфични цели: 
  • Да се зголеми интеграцијата на возрасните Роми на пазарот на труд преку образование и обука со цел да се стекнат со дипломи за завршено основно и средно образование;
  • IДа се подобри стапката на запишување и останување во училиште за децата Роми на возраст од 0 до 6 години преку вклученост на заедницата и подобрен пристап до образование и грижа од рано детство;
  • Да се оснажат жените Ромки и да се борат против родовата и етничка дискриминација преку основање групи за оснажување и образование.
Целни групи / корисници: 
  • Romani children aged zero to six;
  • Romani mothers and fathers who stopped their education before the completion of secondary education.
Активности: 

Активности за образование на возрасни:

  • Образование и обука за возрасни Роми кои претходно го напуштиле училиштето за да се стекнат со официјални дипломи за завршено основно и средно образование издадени од државата.

Активности за развој и грижа од раното детство:

  • Спроведување обуки за педагошкиот персонал и училишната администрација;
  • Обезбедување обука и поддршка за ромските ученици по наставата;
  • Обезбедување поддршка, превоз, имунизација и вакцинација и информирање на ромските деца и нивните семејства.

Оснажување на жените и на заедницата:

  • Основање неделни групи за оснажување и поддршка на жените. Одржување месечни средби на заедницата за да се разгледуваат прашања поврзани со вработувањето, образованието и родовите права.
Организација предводник: 

Ромски образовен фонд (РЕФ) – Будимпешта, УНГАРИЈА / Roma Oktatási Alap (REF) – Budapest, MAGYARORSZÁG

Партнерска организација: 
Ромски образовен центар во Шуто Оризари „Амбрела“ – Скопје
НВО „Кхам“ – Делчево
Контакт податоци: 
РОМСКИ ОБРАЗОВЕН ФОНД (РЕФ) – БУДИМПЕШТА, УНГАРИЈА
Анастасија НАЃ
anagy@romaeducationfund.org
Алберт МЕМЕТИ, Проектен менаџер
albert_memeti@yahoo.co.uk
+359 87 896 4701
Skype: albert_memeti

РОМСКИ ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ „АМБРЕЛА“ – СКОПЈЕ
Аида МУСТАФОВСКА, Проектен координатор
aida_mustafovska@yahoo.com
+389 78 596 919

НВО „КХАМ“ – ДЕЛЧЕВО
Сара ЈАШАРОВСКА, Проектен координатор
sarajasarovska@ymail.com
+389 77 813 848