ПОТТИКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ, ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ „ОТВОРЕНА ВРАТА – ЗА МЛАДИ ОД МЛАДИ“

Местоположба на проектот: 

Општините Скопје, Битола, Прилеп и Штип.

Времетраење на проектот: 

20 месеци: од 14.12.2015  до 14.08.2017.

Севкупна цел: 

Да се олесни социјалната вклученост на ранливите млади лица преку креирање еднакви можности за пристап до пазарот на труд.

Специфични цели: 

Да се поддржи, поттикне и зголеми учеството на ранливите млади лица на пазарот на труд преку подобрување на нивната вработливост, градење вештини за пристап кон пазарот на труд и целосна интеграција во општеството.

Целни групи / корисници: 

Примарна целна група:

  • Млади престапници и млади лица без родителска грижа (15 - 21) и деца со образовни и социјални тешкотии;
  • Млади невработени лица корисници на социјална помош (18 - 29).

Секундарна целна група:

  • Младински НВОи;
  • Професионален персонал во релевантни јавни тела: општини, центри за социјална работа, центри за вработување, јавни институции за деца и млади лица што ја згрижуваат примарната целна група.

Крајни корисници:

  • Министерство за труд и социјална политика;
  • Агенција за вработување на РМ;
  • Семејствата на младите лица;
  • Општини;
  • Поширока јавност.
Активности: 
  • Раководење со проект:
    • Основање на проектен тим и план за комуникација;
    • Основање на Управен одбор;
    • Почетен состанок и промоција на проетот.
  • Идентификување и процена на потреби:
    • Идентификување на учесниците – слушатели на работилниците за обука на обучувачи;
    • Идентификување на млади луѓе корисници на социјална помош и изработка на мапа на образовни потреби;
    • Идентификување на млади луѓе кои живеат во институции и изработка на социјални картици.
  • Трансфер на европско знаење до обучувачите и професионалниот кадар:
    • Развој на методологија за кариерно советување и рано кариерно насочување;
    • Организирање на работилници за обука на обучувачи.
  • Основање младински информативни кариерни центри „Отворена врата“:
    • Наоѓање на просторија и изготвување на план за опремување;
    • Опремување на центарот „Отворена врата“.
  • Пилот-проекти за обука за кариерно советување за млади невработени лица:
    • Изработка на план за одржување на обуките и опис на задачата;
    • Организирање на групни обуки за младите лица во институциите (деца без родителска грижа и млади лица со потешкотии во образованието);
    • Организирање на групни обуки за младите лица корисници на социјална помош.
  • Дисеминација и оценување:
    • Изработка на план за дисеминација на проектни информации;
    • Промовирање на мапата на образовните потреби за младите лица корисници на социјална помош;
    • Официјално отворање на центарот „Отворена врата“;
    • Завршна конференција;
    • Оценка на проектот.
Организација предводник: 

Коалиција на младински организации „Сега“ – Прилеп

Партнерска организација: 
Центар за економски и социјален развој (ЦЕСОР) – Скопје
Младинско здружение за општествена акција, едукација и превентива (ЕАСП) – Скопје
К.А.Б.А. Словенско – Мартин, СЛОВАЧКА / K.A.B.A. Slovensko – Martin, SLOVENSKO
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Зоран ИЛИЕСКИ, Тим лидер
+389 78 470 400
zorani@sega.org.mk

КОАЛИЦИЈА НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ „СЕГА“ – ПРИЛЕП
+389 48 429 390
sega@sega.org.mk
www.sega.org.mk
www.FACEBOOK.com/CoalitionSEGA
www.TWITTER.com/coalitionSEGA
www.YOUTUBE.com/CoalitionSEGA