ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ОД ЕТНИЧКИТЕ МАЛЦИНСТВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Местоположба на проектот: 

Општините Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Штип.

Времетраење на проектот: 

18 месеци: од 20.01.2016  до 20.07.2017.

Севкупна цел: 

Општата цел е реализација на инклузивен пазар на труд во Македонија, каде што сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од ранливите категории, ќе имаат еднакви можности за пристап.

Специфични цели: 

Посебната цел е да се зголеми пристапот и присуството на жени од етничките малцинства на пазарот на труд во Македонија, преку зајакнување на нивните потенцијали за вработување и креирање поволна средина во општеството.

Целни групи / корисници: 
  • Приближно 150 семејства од етнички малцинства од целните региони вклучени во теренските проектни активности - работа со семејствата;
  • 5 локални заедницивклучени во проектните активности за заедници;
  • 250 жени што ќе учествуваат на обуките организирани од проектот;
  • 30 жени вклучени во компонентата за професионална практика;
  • Стручните лица вработени во Агенцијата за вработување.
Активности: 
  • Процена на тековната ситуација со вработувањето меѓу малцинствата и на пазарот на труд во целната област;
  • Обезбедување психо-социјална работа со семејствата од целните региони;
  • Обуки за поддршка на индивидуалната вработливост на жените;
  • Мобилизирање на заедниците за да работат на прашања поврзани со вработувањето;
  • Професионална практика за 30 жени;
  • Обука за професионалци од АВРМ за родови концепти, методологија на проектот, итн.;
  • Комуницирање на проектните методологии до Агенцијата за вработување заради нивно реплицирање.
Организација предводник: 

KАРЕ Германија-Луксембург е.В – Приштина. КОСОВО / CARE Deutschland-Luxemburg e.V – Priština, KOSOVO

Партнерска организација: 
Женска граѓанска иницијатива „Антико“ – Скопје
Контакт податоци: 

ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
KАРЕ ГЕРМАНИЈА-ЛУКСЕМБУРГ Е.В – ПРИШТИНА. КОСОВО
Драган ПЕРИЌ, Проектен менаџер
+37744720584
+389 70 614 719
Dragan.Peric@co.care.org
www.care.de

ЖЕНСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „АНТИКО“ – СКОПЈЕ
Ѓунер НЕБИУ, Проектен координатор
+389 70 390 134
contact@antiko.org.mk
www.antiko.org