ПОДДРШКА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ РОМКИ И ЖЕНИТЕ ОД ЕТНИЧКИТЕ МАЛЦИНСТВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ

Местоположба на проектот: 

Општините Скопје, Куманово, Битола.

Времетраење на проектот: 

15 месеци: од 15.12.2015до  15.03.2017.

Севкупна цел: 

Општата цел на предлогот е да се унапреди социјалната вклученост на обесправените жени, со посебен фокус на жените Ромки и жените од други етнички малцинства, создавајќи еднакви можности за пристап на пазарот на труд.

Специфични цели: 
  • Да се олесни вклученоста на жените Ромки и жените од други етнички малцинства на пазарот на труд, преку зајакнување на нивните вештини и квалификации, на тој начин помагајќи ја нивната целосна интеграција во општеството;
  • Да се зајакне улогата на Агенцијата за вработување во спроведувањето на програмата за социјална вклученост на жените Ромки и жените од други етнички малцинства, со посебен фокус на градењето партнерства и соработка.
Целни групи / корисници: 

Целната група се состои од вкупно 60 жени:

  • Ромки;
  • Жени оддруги етнички малцинства.
Активности: 

A1) Личен развој на барателите на работа, вклучувајќи подготовка и спроведување на планови за личен развој:

  • Пристап до заедницата – информативни сесии – 2 информативни сесии во Скопје; 2 информативни сесии во Куманово и 2 информативни сесии во Битола;
  • Поединечна процена за избор на корисниците – 60 поединечни процени за жени Ромки и жените од други етнички малцинства, по 20 од секој град;
  • Изготовка на планови за развој – 60 планови за развој за жени Ромки и жените од други етнички малцинства, по 20 од секој град;
  • Советодавни активности за барање работа – 60 жени, по 20 од секој град, ќе добијат советување за нивната професионална ориентација.

A2) Изготвување и организирање посебни обуки во согласност со потребите на целната група:

  • Организирање едукативни обуки за изготвување кратка биографија, мотивациско писмо и лекции како да се однесувате во текот на интервју за работа – ќе се организираат шест вакви обуки (две обуки по град, вкупно шест);
  • Организирање курсеви за развој на стручни, општи, јазични и основни ИТ вештини во соработка со АВРМ - помош ќе им се даде на 60 жени, по 20 од секој град да пристапат на пазарот на труд и да најдат работа, преку следење активни огласи за работа објавени на интернет и весници;
  • Организирање обуки на работното место – ќе се организираат 6 обуки на работно место (две обуки по град, вкупно шест).

A3) Надминување на пречките што го отежнуваат учеството на жените на пазарот на труд:

  • Спроведување програма за промовирање на родовата еднаквост и оснажување на жените-Ромки, жените од другите етнички малцинства за надминување на културните и традиционалните фактори во семејството и општеството;
  • Подготовка на процена за почитувањето на традицијата, но не на сметка на правата на жените.
Организација предводник: 

Македонски центар за женски права „Шелтер центар“ – Скопје

Партнерска организација: 
Центар за ромска заедница (ЦРЗ) „Дром“ – Куманово
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Даниела ДАБЕСКА, Проектен менаџер
+389 75 430 043
dabeska_daniela@yahoo.com

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА „ШЕЛТЕР ЦЕНТАР“ – СКОПЈЕ
Даниела ДАБЕСКА, Претседател
+389 75 430 043
dabeska_daniela@yahoo.com
https://www.facebook.com/groups/679204278757291/

ЦЕНТАР ЗА РОМСКА ЗАЕДНИЦА (ЦРЗ) „ДРОМ“ – КУМАНОВО
Ахмет ЈАШАРЕВСКИ, Претседател
+389 70 541 535
ahmet_drom@yahoo.com
http://www.drom.org.mk/