Центар за економски и социјален развој (ЦЕСОР) – Скопје
ПОТТИКНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ, ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ „ОТВОРЕНА ВРАТА – ЗА МЛАДИ ОД МЛАДИ“
Местоположба на проектот:
Општините Скопје, Битола, Прилеп и Штип.
Времетраење на проектот:
20 месеци: од 14.12.2015 до 14.08.2017.
Севкупна цел:
Да се олесни социјалната вклученост на ранливите млади лица преку креирање еднакви можности за пристап до пазарот на труд.
Специфични цели:
Да се поддржи, поттикне и зголеми учеството на ранливите млади лица на пазарот на труд преку подобрување на нивната вработливост, градење вештини за пристап кон пазарот на труд и целосна интеграција во општеството.
Целни групи / корисници:
Примарна целна група:
- Млади престапници и млади лица без родителска грижа (15 - 21) и деца со образовни и социјални тешкотии;
- Млади невработени лица корисници на социјална помош (18 - 29).
Секундарна целна група:
- Младински НВОи;
- Професионален персонал во релевантни јавни тела: општини, центри за социјална работа, центри за вработување, јавни институции за деца и млади лица што ја згрижуваат примарната целна група.
Крајни корисници:
- Министерство за труд и социјална политика;
- Агенција за вработување на РМ;
- Семејствата на младите лица;
- Општини;
- Поширока јавност.
Активности:
- Раководење со проект:
- Основање на проектен тим и план за комуникација;
- Основање на Управен одбор;
- Почетен состанок и промоција на проетот.
- Идентификување и процена на потреби:
- Идентификување на учесниците – слушатели на работилниците за обука на обучувачи;
- Идентификување на млади луѓе корисници на социјална помош и изработка на мапа на образовни потреби;
- Идентификување на млади луѓе кои живеат во институции и изработка на социјални картици.
- Трансфер на европско знаење до обучувачите и професионалниот кадар:
- Развој на методологија за кариерно советување и рано кариерно насочување;
- Организирање на работилници за обука на обучувачи.
- Основање младински информативни кариерни центри „Отворена врата“:
- Наоѓање на просторија и изготвување на план за опремување;
- Опремување на центарот „Отворена врата“.
- Пилот-проекти за обука за кариерно советување за млади невработени лица:
- Изработка на план за одржување на обуките и опис на задачата;
- Организирање на групни обуки за младите лица во институциите (деца без родителска грижа и млади лица со потешкотии во образованието);
- Организирање на групни обуки за младите лица корисници на социјална помош.
- Дисеминација и оценување:
- Изработка на план за дисеминација на проектни информации;
- Промовирање на мапата на образовните потреби за младите лица корисници на социјална помош;
- Официјално отворање на центарот „Отворена врата“;
- Завршна конференција;
- Оценка на проектот.
Организација предводник:
Коалиција на младински организации „Сега“ – Прилеп
Партнерска организација:
Младинско здружение за општествена акција, едукација и превентива (ЕАСП) – Скопје
К.А.Б.А. Словенско – Мартин, СЛОВАЧКА / K.A.B.A. Slovensko – Martin, SLOVENSKO
Контакт податоци:
КОАЛИЦИЈА НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ „СЕГА“ – ПРИЛЕП
+389 48 429 390
sega@sega.org.mk
www.sega.org.mk
www.FACEBOOK.com/CoalitionSEGA
www.TWITTER.com/coalitionSEGA
www.YOUTUBE.com/CoalitionSEGA
+389 48 429 390
sega@sega.org.mk
www.sega.org.mk
www.FACEBOOK.com/CoalitionSEGA
www.TWITTER.com/coalitionSEGA
www.YOUTUBE.com/CoalitionSEGA