ПАТЕКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ПРЕКУ РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ И ОДРЖЛИВА ИНТЕГРАЦИЈА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ НА РОМИТЕ, ОСОБЕНО НА ЖЕНИТЕ РОМКИ (PATHSKILL)
Скопските општини Шуто Оризари иЧаир и Општината Тетово населени со ромско население.
15 месеци: од 06.04.2016 до 05.07.2017.
Предложениот проект ќе придонесе за националните напори за намалување на сиромаштијата и социо—економска вклученост на Ромите, особено жените Ромки, во согласност со целите на „Националната стратегија за социјална вклученост и намалување на сиромаштијата“, Националната стратегија за Ромите и „Националната стратегија за подобрување на положбата на жените Ромки“ создавајќи еднакви можности за сите за пристап до пазарот на труд.
Посебната цел е да се олесни одржлива интеграција на пазарот на труд на лица од ромската заедница, особени жените преку зајакнување на нивните потенцијали за вработување и справување со пречките што го отежнуваат учеството на пазарот на труд.
- 180 корисници од ромската заедница, со фокус на жените Ромки.
- Со цел да се таргетираат најранливите, предност ќе им се даде на самохраните мајки.
- Основање техничка работна група составена од професионални работници на полето на социо-економско вклучување на Ромите;
- Изготвување модули за обука во согласност со тековните потреби на пазарот на труд, склоностите на корисниците, нивниот професионален историјат (доколку постои) и образование;
- Планови за личен развој за корисниците врз основа на процената на поединечните вештини и ниво на знаење;
- Обуки на работното место;
- Обука за меѓучовечки и комуникациски вештини за зајакнување на клучните компетенции за работа на корисниците;
- Тематски сесии со цел корисниците и нивните семејства да се запознаат подобро со традиционалните ставови за образованието и вработувањето на жените и последиците од тоа.
Меѓународна организација за миграции (ИОМ) – Скопје
Билјана СИМЕОНОВА, Проектен координатор
+389 2 309 5477
Фатма БАЈРАМ-АЗЕМОВСКА
+389 70 699 743
Ферди ИСМАИЛИ
+389 78 201 311