Trainings

Ќе организираме 2 дена обука во средишната фаза од Вашиот грантов проектот, и уште 2 дена обука во завршната фаза (фаза на поднесување извештаи) од Вашиот грантов проект. Бидејќи очекуваме голем број на учесници, обуките ќе бидат организирани во 4 групи од по приближно 30 учесника.

Сите обуки ќе бидат организирани како 1-дневни настани во Скопје.

Обуките од почетната фаза ќе Ви помогнат подобро да ги разберете и примените барањата за секундарни набавки според ПРАГ. Обуките од завршната фаза ќе се фокусираат на тоа како да се напише правилен наративен и финансиски извештај.

Преку концизно тероетско и практично воведување, студии на случај со примери на извештаи, како и обемни вежби, ќе опфатиме некои од најважните теми, како што се: категории трошоци, квалификувани и неквалификувани трошоци, обрасци на извештаи, сметководствени регистри кои вклучуваат деловодни книги, под-деловодни книги, платни списоци, како и регистри на фиксни средства, докази за прием и испорака на услуги, временски таблици, евиденција на возен парк, фактури, сметки, изводи, ДДВ и сл.

Препорачуваме апликантите и ко-апликантите да именуваат по 2 лица од секоја организација, кои се директно вклучени во спроведувањето на грантовите проекти, за учество во нашите обуки (по можност проектниот координатор и финансискиот менаџер).


На учесниците кои ќе го завршат целиот циклус обуки од проектот ќе им биде врачен

СЕРТИФИКАТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ГРАНТОВИ


На фотографијата: Неговата екселенција, г. Аиво Орав, Шеф на делегацијата на ЕУ, доделува сертификати на успешните учесници во проектот „Зајакнување 2“ во јули 2014 година во Скопје.