On Line Support
Нашиот проект ќе покрене интерактивна веб страница. Покрај стандардните информации поврзани со грантови и стандардните врски до меродавните засегнати страни, оваа веб страница ќе Ви обезбеди 3 особено корисни алатки:
форум, шалтер за информации, алатник за
управување со грантови.
Прво, на Forum сите грантови корисници ќе може да комуницираат меѓу себе: да разговараат за проблемите, да споделат искуства, да отворат дискусии, да бараат решенија, да обезбедат заедничка помош. Нашите експерти ќе го надгледуваат овој форум и ќе даваат насоки каде што ќе биде потребно.
Второ, веб страницата ќе содржи Helpdesk, каде што определен проблем ќе може да го упатите директно до некоја од нашите две експертки, кои ќе се погрижат да Ви дадат најдобар можен одговор. Сите важни прашања и проблеми кои ќе бидат поставени и разјаснети преку форумот или преку шалтерот за информации ќе бидат собрани во посебен дел наречен Frequently Asked Questions, каде што ќе може да пребарувате корисни совети дадени од Вашите колеги.

Трето, во догледно време, од веб страницата ќе може да го симнете и Toolkit for Grant Management, каде што ќе може да ги најдете сите релевантни документи и обрасци што може да Ви се најдат од корист за успешно управување на Вашиот грантов проект. Ние блиску ќе соработуваме со Министерството за труд и социјална политика, Секторот за централно финансирање и склучување договори, Секретаријатот за европски прашања, Делегацијата на Европска Унија, Техничката поддршка на организациите на граѓанското општество и успешните проекти во земјата, со цел да се соберат на едно место, да се разберат, разјаснат и усогласат различните упатства. Додадена вредност на овој процес ќе биде утврдувањето на сите разлики и преклопувања, и доколку е возможно отстранување на непотребните и комплицирани барања.
Вашето мислење ни е важно!