СОЦИЈАЛНА И ЕКОНОМСКА ПЛАТФОРМА ЗА ПОМОШ ОД ОПШТИНА ЧАИР (СЕАП)

Местоположба на проектот: 

Скопски регион: Општина Чаир.

Времетраење на проектот: 

20 месеци: од 09.12.2015  до 09.08.2017.

Севкупна цел: 

Да се придонесе за поголема социјална и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво.

Специфични цели: 
  • Да се промовира меѓусекторски модел на социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
  • Да се развие консултативен механизам за зголемена социјална и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво;
  • Да се зајакне стратешкиот приод кон зголемување на социјалната и економска вклученост на ранливите групи на општинско ниво;
  • Да се промовира пилот програма за социјална и економска помош за ранливите групи на општинско ниво.
Целни групи / корисници: 
  • Персоналот/експертите од Општина Чаир, Центарот за социјална работа – Скопје, Агенцијата за вработување, и локалните НВОи;
  • Локални претставници на ранливите групи;
  • Членови на СЕАП.
Активности: 

1)

  • Состаноци со клучните засегнати страни за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
  • Создавање на локална Платформа за социјална и економска помош – СЕАП (Општина Чаир, Центар за социјална работа – Скопје, Агенција за вработување, и НВОи);
  • Изработка на програми за обука за експерти од СЕАП;
  • Спроведување на обуките за СЕАП за помош на ранливите групи во Општина Чаир.

2)

  • Анализа на достапните податоци за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир;
  • Профилирање на ранливите групи во Општина Чаир;
  • Усвојување на Стратегија за социјална и економска вклученост на ранливите групи во Општина Чаир (2014-2020).

3)

  • Дизајнирање и покренување на портал на СЕАП за поврзување на ранливите групи во Општина Чаир до социјалната и економска помош;
  • Отворање на СЕАП „линија за помош“ за упатување на ранливите групи во Општина Чаир до социјалната и економска помош;
  • Создавање на мобилни тимови на СЕАП за давање на социјални и економски насоки на ранливите групи во Општина Чаир.
Организација предводник: 

Општина Чаир / Komuna e Çairit – Скопје

Партнерска организација: 
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа (ЦСР) – Скопје
Здружение за развој на демократија „Иницијатива за европска перспектива“ – Скопје
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Флорент БАЈРАМИ, Проектен менаџер
+389 75 222 144
florent_bajrami@hotmail.com
ОПШТИНА ЧАИР – СКОПЈЕ
Норик СЕЛИМИ, Проектен директор
+389 75 306 309
norik@cair.gov.mk
ipa@cair.gov.mk
www.cair.gov.mk
МЕЃУОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА – СКОПЈЕ
Нергис МУЦА, Директор на Подружница Чаир
nergis.muca@gmail.com
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА – СКОПЈЕ
Мирлинда РУШИТИ-БИТИЌИ, Директор
inic.eupers@gmail.com