ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ОД ЕТНИЧКИТЕ МАЛЦИНСТВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
Општините Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Штип.
18 месеци: од 20.01.2016 до 20.07.2017.
Општата цел е реализација на инклузивен пазар на труд во Македонија, каде што сите граѓани, вклучувајќи ги и оние од ранливите категории, ќе имаат еднакви можности за пристап.
Посебната цел е да се зголеми пристапот и присуството на жени од етничките малцинства на пазарот на труд во Македонија, преку зајакнување на нивните потенцијали за вработување и креирање поволна средина во општеството.
- Приближно 150 семејства од етнички малцинства од целните региони вклучени во теренските проектни активности - работа со семејствата;
- 5 локални заедницивклучени во проектните активности за заедници;
- 250 жени што ќе учествуваат на обуките организирани од проектот;
- 30 жени вклучени во компонентата за професионална практика;
- Стручните лица вработени во Агенцијата за вработување.
- Процена на тековната ситуација со вработувањето меѓу малцинствата и на пазарот на труд во целната област;
- Обезбедување психо-социјална работа со семејствата од целните региони;
- Обуки за поддршка на индивидуалната вработливост на жените;
- Мобилизирање на заедниците за да работат на прашања поврзани со вработувањето;
- Професионална практика за 30 жени;
- Обука за професионалци од АВРМ за родови концепти, методологија на проектот, итн.;
- Комуницирање на проектните методологии до Агенцијата за вработување заради нивно реплицирање.
KАРЕ Германија-Луксембург е.В – Приштина. КОСОВО / CARE Deutschland-Luxemburg e.V – Priština, KOSOVO
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
KАРЕ ГЕРМАНИЈА-ЛУКСЕМБУРГ Е.В – ПРИШТИНА. КОСОВО
Драган ПЕРИЌ, Проектен менаџер
+37744720584
+389 70 614 719
Dragan.Peric@co.care.org
www.care.de
ЖЕНСКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА „АНТИКО“ – СКОПЈЕ
Ѓунер НЕБИУ, Проектен координатор
+389 70 390 134
contact@antiko.org.mk
www.antiko.org