Македонски развоен центар за граѓански организации – Скопје
ПЛАТФОРМА ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ЗА ЕКОНОМСКО И СОЦИЈАЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ОД МАЛЦИНСКИТЕ ГРУПИ (ЕПЕСИI)
Местоположба на проектот:
Општините Скопје, Тетово, Куманово, Штип.
Времетраење на проектот:
20 месеци: од 14.12.2015 до 14.08.201.
Севкупна цел:
Да се зајакне нивото на економска и општествена интеграција на невработените жени од малцинските етнички заедници, особено од ромската, албанската и турската заедница, преку отворање регионални центри за обука наменети за долгорочно образование, преквалификација и развој на лични вештини.
Специфични цели:
- Да се подобрат и зајакнат односите меѓу понудата и побарувачката на работна сила;
- Да се поддржат и зајакнат личните капацитети и можности за вработување и самовработување преку зголемување на нивото и стекнување соодветни практични вештини;
- Да се создаде систем за постојана обука на посебните целни групи со цел развој на професионалните вештини според претходно идентификувани реални потреби на работодавачите;
- Да се подигне свеста на деловната заедница за професионалните капацитети на оваа категорија лица со цел да се подобрат економските услови во регионите;
- Да се поттикне институционалната соработка меѓу НВОи од една страна, и владините институции, од друга: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија на локално и регионално ниво.
Целни групи / корисници:
Невработени жени од малцински групи – Ромки, Турчинки, Влаинки, Бошњачки, Србинки и останати, како и Македонки и Албанки, на возраст 18-55 години.
Активности:
A1
- Воспоставување локални канцеларии и распределување локален административен персонал;
- Редовни средби со локалниот персонал, посети на локациите и заедницата и учесниците на настаните;
- Воспоставување мрежа на 4 регионални ЦОВ во Скопје, Тетово, Куманово и Штип.
A2
- Избор на членови за создавање тим од 10 експерти за социјална вклученост;
- Избор на кандидати врз основа на мотивацијата и достапноста на кандидатите;
- Создавање 10 модули за обука за социјална вклученост;
- Спроведување студија за проверка на карактерот на невработеноста на жените од малцинските заедници во Скопје, Тетово, Куманово и Штип.
A3
- IСпроведување обуки за социјална вклученост според изготвените модули за обука;
- Спроведување СОО според изготвените модули за СОО;
- Обезбедување консултативни услуги за самовработување;
- Обука на работно место кај потенцијален работодавач.
A4
- Собирање податоци за потребите од вработување на претпријатијата;
- Анкетирање на работодавачите.
A5
- Почетна конференција;
- Формирање група за управување со проектот (ГУП);
- Спроведување информативна кампања на четири јазици (македонски, албански, турски, ромски);
- Интегрирање на проектните активности со други национални/европски проекти и програми;
- Промовирање и одржливост;
- Управување со финансискиот дел од реализацијата на проектните активности;
- Известување; полугодишен извештај за напредокот, годишен извештај и конечен извештај.
Организација предводник:
Центар за стручно образование и обука (ЦСОО) – Скопје
Партнерска организација:
Центар за ромска заедница (ЦРЗ) „Дром“ – Куманово
Здружение „Мултикултура“ – Тетово
Контакт податоци:
ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА (ЦСОО) – СКОПЈЕ
Горан СПАСОВСКИ
+389 78 396 318
goran_spa@yahoo.com
www.csoo.edu.mk
Горан СПАСОВСКИ
+389 78 396 318
goran_spa@yahoo.com
www.csoo.edu.mk
МАКЕДОНСКИ РАЗВОЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ – СКОПЈЕ
Елена ВУЧКОВСКА, Проектен координатор
+389 78 337 992
contact.mdcco@gmail.com
https://www.FACEBOOK.com/?ref=tn_tnmn
Елена ВУЧКОВСКА, Проектен координатор
+389 78 337 992
contact.mdcco@gmail.com
https://www.FACEBOOK.com/?ref=tn_tnmn
ЗДРУЖЕНИЕ „МУЛТИКУЛТУРА“ – ТЕТОВО
Вулнет ЗЕНКИ, Проектен координатор
+389 70 858 144
info@multikultura.org.mk
www.multikultura.org.mk
https://www.FACEBOOK.com/www.multikultura.org.mk/?fref=ts
Вулнет ЗЕНКИ, Проектен координатор
+389 70 858 144
info@multikultura.org.mk
www.multikultura.org.mk
https://www.FACEBOOK.com/www.multikultura.org.mk/?fref=ts
ЦЕНТАР ЗА РОМСКА ЗАЕДНИЦА (ЦРЗ) „ДРОМ“ – КУМАНОВО
Ахмет ЈАШАРЕВСКИ, Проектен координатор
+389 70 541 535
ahmet_drom@yahoo.com
www.drom.org.mk
https://www.FACEBOOK.com/RCC-DROM-249054701881/?fref=ts
Ахмет ЈАШАРЕВСКИ, Проектен координатор
+389 70 541 535
ahmet_drom@yahoo.com
www.drom.org.mk
https://www.FACEBOOK.com/RCC-DROM-249054701881/?fref=ts