Општина Росоман – Росоман
ОД ИЗГРАДБА НА КЕИ ДО ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУДОТ
Местоположба на проектот:
Вардарски регион: Општините Демир Капија и Росоман.
Времетраење на проектот:
18 месеци: од 14.12.2015 до 14.06.2017.
Севкупна цел:
Да се создадат долгорочни можности за вработување на социјално исклучените лица и да се воведе разновидност во целните услуги и помош за вработување во општините Демир Капија и Росоман.
Специфични цели:
- Да се поддржат социјално исклучените лица во процесот на вработување преку нудење специјализирани обуки и индивидуално менторство;
- Да се подржат регионалните политики за вработување преку промовирање блиска меѓуопштинска соработка;
- Да се подобри практичното искуство на целната група преку пренесување на иновативни пристапи на најдобри практики скроени посебно за конкретните потреби на целните групи;
- Да се промовира волонтерството како алтернативна патека за справување со невработеноста преку подигнување на јавната свест.
Целни групи / корисници:
Целни групи на проектот се следниве:
- Лица коишто живеат во оддалечени и рурални области;
- Млади невработени лица (20-29 години);
- Лица коишто не завршиле средно образование;
- Етнички малцинства (на пример, турското малцинство во општина Демир Капија и српското малцинство во општина Росоман);
- Невработени жени.
Корисници на проектов се следните:
- Агенција за вработување на РМ;
- Центар за развој на Вардарски плански регион;
- Општините Демир Капија и Росоман;
- Приватен сектор (претпријатија, Стопанска комора).
Активности:
- Подготвителни активности:
- Ангажирање проектен персонал, основање ПК и 2 ЦСИПТ, активности за видливост и публицитет, ангажирање клучни експерти, организирање првична средба;
- Изготвување студија:
- Теоретско истражување и организирање интервјуа, формулирање на методологијата, спроведување интервјуа, анализирање и изготвување на студијата;
- Услуги за специјализирана обука (УСО):
- Организирање УСО во Демир Капија и Росоман;
- Индивидуално и групно менторство;
- Практикантство во фирми:
- Практична обука во фирми во Демир Капија и Росоман;
- Промовирање на волонтерството:
- Издавање брошури, информативни средби, кампањи за подигнување на свеста.
Организација предводник:
Општина Демир Капија – Демир Капија
Партнерска организација:
Фондација за ново образование за бизнис (НБЕ) – Скопје
Контакт податоци:
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Милица ПАЧАРСКА-ЈОВАНОВА, Проектен координатор
+389 71 219 435
mpacarska84@gmail.com
Милица ПАЧАРСКА-ЈОВАНОВА, Проектен координатор
+389 71 219 435
mpacarska84@gmail.com
ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА – ДЕМИР КАПИЈА
Анета РИСТОВА
+389 43 364 100
opstinadk@yahoo.com
www.opstinademirkapija.gov.mk
Анета РИСТОВА
+389 43 364 100
opstinadk@yahoo.com
www.opstinademirkapija.gov.mk