Leadership & Management Seminars

Најмалку 6 пати во текот на наредните 2 години ќе организираме еднодневни Семинари за лидерство и управување. Преку работилници на семинарите, кои ќе се фокусираат на искуството од проектот, предизвиците и решавањето на проблеми, ние ќе размениме успешни практики со Вашите координатори на тема стратешко планирање и проектно управување. Ќе имате можност да истражите разни области на организационо лидерство и проектно управување, како што се вмрежување, ангажирање на корисници, квалитет на проектот, одржливост, иновации.


Во попладневните сесии на семинарите ќе ни се придружат и претставници на МТСП и ЦФЦД, кои ќе ги слушнат Вашите проблеми и ќе Ве поддржат преку работа во мали групи.


Само едно лице од секоја организација во Вашиот грантов проект ќе биде покането да учествува на Семинарите за лидерство и управување. Критериумите за селекција ќе бидат соопштени дополнително.


Завршната средба за лидерство и управување ќе претставува прилика да се организираат два паралелни настани: Свеченоста за доделување на сертификати и Саемот на проекти. Саемот на проекти ќе биде можност да ги прикажете резултатите од Вашиот тековен грантов проект, но и можност да ги прикажете другите проекти кои успешно сте ги завршиле во минатото. Секако, ова исто така ќе биде одлична можност за Вие да ги претставите своите идеи за идни проекти и да дискутирате со другите организации за можни нови партнерства. Ќе настојуваме на Саемот за проекти да поканиме потенцијални донатори, кои можеби ќе се заинтересираат за Вашите проектни идеи.


На учесниците кои ќе присуствуваат на сите 6 семинари за лидерство и
управување ќе им биде доделен Сертификат за проектно лидерство и управување