ОД ИЗГРАДБА НА КЕИ ДО ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУДОТ

Местоположба на проектот: 

Вардарски регион: Општините Демир Капија и Росоман.

Времетраење на проектот: 

18 месеци: од 14.12.2015 до 14.06.2017.

Севкупна цел: 

Да се создадат долгорочни можности за вработување на социјално исклучените лица и да се воведе разновидност во целните услуги и помош за вработување во општините Демир Капија и Росоман.

Специфични цели: 
  • Да се поддржат социјално исклучените лица во процесот на вработување преку нудење специјализирани обуки и индивидуално менторство;
  • Да се подржат регионалните политики за вработување преку промовирање блиска меѓуопштинска соработка;
  • Да се подобри практичното искуство на целната група преку пренесување на иновативни пристапи на најдобри практики скроени посебно за конкретните потреби на целните групи;
  • Да се промовира волонтерството како алтернативна патека за справување со невработеноста преку подигнување на јавната свест.
Целни групи / корисници: 

Целни групи на проектот се следниве:

  • Лица коишто живеат во оддалечени и рурални области;
  • Млади невработени лица (20-29 години);
  • Лица коишто не завршиле средно образование;
  • Етнички малцинства (на пример, турското малцинство во општина Демир Капија и српското малцинство во општина Росоман);
  • Невработени жени.

Корисници на проектов се следните:

  • Агенција за вработување на РМ;
  • Центар за развој на Вардарски плански регион;
  • Општините Демир Капија и Росоман;
  • Приватен сектор (претпријатија, Стопанска комора).
Активности: 
  • Подготвителни активности:
    • Ангажирање проектен персонал, основање ПК и 2 ЦСИПТ, активности за видливост и публицитет, ангажирање клучни експерти, организирање првична средба;
  • Изготвување студија:
    • Теоретско истражување и организирање интервјуа, формулирање на методологијата, спроведување интервјуа, анализирање и изготвување на студијата;
  • Услуги за специјализирана обука (УСО):
    • Организирање УСО во Демир Капија и Росоман;
  • Индивидуално и групно менторство;
  • Практикантство во фирми:
    • Практична обука во фирми во Демир Капија и Росоман;
  • Промовирање на волонтерството:
    • Издавање брошури, информативни средби, кампањи за подигнување на свеста.
Организација предводник: 

Општина Демир Капија – Демир Капија

Партнерска организација: 
Општина Росоман – Росоман
Фондација за ново образование за бизнис (НБЕ) – Скопје
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Милица ПАЧАРСКА-ЈОВАНОВА, Проектен координатор
+389 71 219 435
mpacarska84@gmail.com

ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА – ДЕМИР КАПИЈА
Анета РИСТОВА
+389 43 364 100
opstinadk@yahoo.com
www.opstinademirkapija.gov.mk