ЛОКАЛНО ПАРТНЕРСТВО ЗА СОЦИЈАЛНО ВКЛУЧУВАЊЕ

Местоположба на проектот: 

Општините Гостивар, Прилеп, Кичево, Врапчиште и Брвеница.

Времетраење на проектот: 

20 месеци: од 14.12.2015 до 14.08.2017.

Севкупна цел: 

Општата цел на проектот е да ги зајакне клучните локални чинители и граѓанското општество за развој на акциски планови за социјална инклузија на локално ниво.

Специфични цели: 
  • Да се олеснат партнерствата меѓу локалните власти, граѓанското општество и приватниот сектор во решавање на локалните социо-економски проблеми;
  • Да се изградат капацитетите на локалните засегнати страни да делуваат како проактивни социјални чинители во идентификувањето и справувањето со социјалните потреби на локалните заедници;
  • Да се подигне свеста на сите клучни засегнати страни во локалните заедници за предностите на локалните партнерства и партиципативниот локален развој;
  • Да се промовираат локалните партнерства како ефективен модел за развој на конкретни локални акциски планови.
Целни групи / корисници: 
  • Локална самоуправа;
  • Граѓански организации;
  • Претставници на јавни институции;
  • Приватен сектор;
  • Ранливи групи;
  • Граѓани, поширока јавност.
Активности: 

A1.1) Процена на институционалните компетенции за справување со социјалното исклучување на локално ниво:

  • Проектот ќе започне со спроведување процена на потребите во целните општини.

A1.2) Воведни настани за воспоставување локални партнерства за социјална инклузија:

  • Воспоставување локални партнерства за социјална инклузија и донесување локални акциски планови за социјална инклузија преку процесот на меѓусебно поврзани серии на настани за подигнување на свеста и соработка.
    • A.1.2.1) Целта на работилниците за градење консензус е дефинирање на приоритетите за решавање на локалните социо-економски проблеми во соодветната општина.
      A.1.2.2) Работилниците за градење партнерства ќе придонесат за мултисекторска соработка и ќе ја унапредат соработката меѓу локалните институции, ГО и приватниот сектор.

A2.1) Постојана поддршка за локални партнерства:

  • Овозможувањето партнерска активност и ангажман на заедницата за исполнување на нивниот потенцијал и олеснување на активното учество, бара соодветни ресурси и вешта професионална поддршка што ќе биде обезбедена преку тековен шалтер за поддршка и теренски посети.
    • A2.1.1) Донесување локални акциски планови за социјална инклузија:

      • Процесот на постојана поддршка за локални партнерства ќе заврши со донесување локални акциски планови за социјална инклузија од страна на советот на општината во секоја општина.

A3.1) Насочено градење капацитети и советување:

  • Процесот на воспоставување локални партнерства и изготвување акциски планови за социјална инклузија ќе добијат поддршка во вид на насочено градење капацитети и советување.

A4.1) Активности за дисеминација и подигнување на свеста:

  • Резултатите и искуството од процесот на воспоставување локални партнерства во полето на социјалната инклузија и локалните акциски планови за социјална инклузија ќе бидат дистрибуирани ширум целата земја;
    • A.4.1.1) Прирачник за развој на локални партнерства и акциски планови за социјална инклузија:

      • Целта на публикацијата е да ги анализира можностите за спроведување на моделот на локално партнерство што може да придонесе за решавање на социо-економските проблеми во локалните заедници во нашата земја.
      A.4.1.2) Завршна национална конференција:

      • Завршниот настан ќе се фокусира на трансфер на научените лекции и можностите за воведување на моделот на локално партнерство во друди општини.
Организација предводник: 

Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар

Партнерска организација: 
Центар за граѓанскa иницијативa (ЦГИ) – Прилеп
Центар за информирање, соработка и развој на невладини организации (ЦНВОС) – Љубљана, СЛОВЕНИЈА / Center za informiranje, sodelovanje in razvoj nevladnih organizacij (CNVOS) – Ljubljana, SLOVENIJA
Контакт податоци: 
АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ДЕМОКРАТСКИ ИНИЦИЈАТИВИ (АДИ) – ГОСТИВАР
Нино СОТИРОВСКИ, Проектен службеник
+389 77 571 756
nino@adi.org.mk
+389 42 221 100
adi@adi.org.mk
www.adi.org.mk

ЦЕНТАР ЗА ГРАЃАНСКA ИНИЦИЈАТИВA (ЦГИ) – ПРИЛЕП
Димитар БАРАБАНОВ, Проектен службеник
+389 71 230 020
miki@cgimk.org.mk
+389 48 400 480
ccimk@cgimk.org.mk
www.cgimk.org.mk

ЦЕНТАР ЗА ИНФОРМИРАЊЕ, СОРАБОТКА И РАЗВОЈ НА НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ (ЦНВОС) – ЉУБЉАНА, СЛОВЕНИЈА
Вероника ВОДЛАН, Проектен службеник
veronika.vodlan@cnvos.si
info@cnvos.si
www.cnvos.si