ЖЕНИ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ: КЛУЧОТ ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ

Местоположба на проектот: 

Полошки регион: руралните Општини Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Теарце, Желино, Маврово и Ростуше и Јегуновце.

Времетраење на проектот: 

18 месеци: од 14.12.2015  до 13.06.2017.

Севкупна цел: 

Да се зголеми учеството на руралните жени од етничките малцинства на пазарот на труд преку создавање можности и овозможувачка средина за нивно вработување и самовработување.

Специфични цели: 
  • Да се изготви и испорача посебно креирана програма за градење капацитети според индивидуалните потреби и услови на жените од етничките малцинства;
  • Да се поддржи развојот и проширувањето на економските активности и самовработувањето на руралните жени;
  • Да се дизајнираат и воспостават механизми/советодавно тело во полето на мерките и практиките за вработување фокусирани на жените од етничките малцинства.
Целни групи / корисници: 

Примарна целна група:

  • Жени од сите етнички групи (турска, албанска, бошњачка и македонска) на возраст од 20 до 45 години (вкупно 150 жени) директно вклучени во спроведувањето од руралните области на Полошкиот регион.

Секундарна (индиректна) целна група:

  • Жени кои развиле бизнис во Полошкиот регион, жени од маргинализирани етнички групи, нивните семејства да имаат подобра животна средина, работодавачи на пазарот на труд во Полошкиот регион со нивните општини вклучени во проектот.

Крајни корисници:

  • Многу поголема група што се состои од работодавачи и нивните здруженија, општини, НВОи и останати развојни и образовни организации.
Активности: 
  • Спроведување процена на потребите во избраните општини за жените од етничките малцинства;
  • Креирање профил на учесниците и избор на учесници во проектот;
  • Изготвување индивидуални акциски планови за вработување за избраните учесници во проектот;
  • Обуки и сертифицирање на жените како собирачи на шумски тревки;
  • Обезбедување обука на работното место за учесниците на обуката кај избрани работодавачи;
  • Изготвување деловни планови за проширување на потенцијалните бизниси водени од жени;
  • Развој на деловни планови за новоотворени претпријатија во сопственост на жени;
  • Изготвување и печатење материјали за публицитет за проектот.
Организација предводник: 

Здружение за локален рурален развој (ЗЛРР) – Тетово

Партнерска организација: 
Општина Боговиње – Боговиње
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Ивана СРЦЕВА, Проектен координатор
+389 70 770 215
srcevaivana@gmail.com

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЛОКАЛЕН РУРАЛЕН РАЗВОЈ (ЗЛРР) – ТЕТОВО
Ивана СРЦЕВА
+389 70 770 215
office@zlrr.org.mk
www.zlrr.org.mk
https://www.FACEBOOK.com/ZLRR.ALRD/

ГРАНТОВ ПРОЕКТ
www.ruralwomenkeg.wordpress.com