БЕЗБЕДНОСТ И ЕДНАКВОСТ: НЕДИСКРИМИНАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО РАЗНОВИДНОСТ ВО ВРАБОТУВАЊЕ

Местоположба на проектот: 

Општините Скопје, Тетово и Охрид.

Времетраење на проектот: 

20 месеци: од 04.01.2016  до 04.09.2017.

Севкупна цел: 

Да се промовира активната вклученост на лицата на најслабата позиција на пазарот на труд, и на тој начин се креираат еднакви можности за сите кои пристапуваат на пазарот на труд во Македонија.

Специфични цели: 
  • Да се зајакне улогата на релевантните засегнати страни (единици на локална самоуправа, владини институции, НВОи, и други релевантни засегнати страни) во развојот, спроведувањето и следењето на програми за социјална инклузија со посебен фокус на градењето партнерства, вмрежување и соработка;
  • Да се подобрат капацитетите на локалните засегнати страни/НВОи за теми поврзани со социјалната инклузија;
  • Да се обучат обучувачи во полето на инклузивен пазар на труд, интеграција на исклучени групи и борба против дискриминацијата во вработувањето;
  • Да се оснажат и обучат локалните засегнати страни за мониторирање на локалната ситуација и социјалните потреби;
  • Да се промовира инклузивен пазар на труд, видливост и подигнување на свеста во општеството.
  • Да се воспостави мрежа за социјална инклузија и недискриминација меѓу НВОи за човекови права и социјалните партнери.
Целни групи / корисници: 
  • Професионалци од владиниот и невладиниот сектор што работат во полето на социјална инклузија на најранливите групи;
  • Ранливи групи и лица изложени на социјален ризик при вработувањето;
  • Социјални партнери;
  • Креатори на политики / носители на одлуки;
  • Целото општество.
Активности: 

1. година:

  • Развивање на систем за размена на информации и знаење меѓу различни засегнати страни (интернет страница на проектот);
  • Прирачник/мерки против дискриминација на ранливи групи во вработувањето;
  • 6 обуки за обучувачи;
  • Анкета/анализа на најдобрите практики во Македонија;
  • Публикација на брошура со анкетата/анализата на дискриминацијата на ранливите групи при вработувањето и препораки според идентификуваните потреби;
  • Интернет страница, дистрибуирање на информации, односи со јавност.

2. година:

  • Прирачник/управување со диверзитет во вработувањето;
  • 6 обуки за обучувачи;
  • Анкета/анализа на најдобрите практики за управување со диверзитет во Македонија;
  • Публикација на брошура со анкетата/анализата и препораки според идентификуваните потреби;
  • Воспоставување национална мрежа за социјална инклузија и недискриминација, национална медиумска кампања за инклузивно општество, можности на пазарот на труд за лицата под ризик;
  • Фестивал „Денови на различноста“ и меѓународна конференција за зајакнување на граѓанскиот и социјален дијалог и вмрежување на граѓанското општество за ефективна работа на прашања од социјалната инклузија и рамноправност при вработувањето;
  • Дистрибуирање на препораките од конференцијата до креаторите на политики, локалната самоуправа и социјалните партнери во Македонија;
  • Интернет страница, информации, односи со јавност.
Организација предводник: 

Здружение „Студентски културен центар“ (ШКУЦ) – Љубљана, СЛОВЕНИЈА / Društvo študentski kulturni center (ŠKUC) – Ljubljana, SLOVENIJA

Партнерска организација: 
Женска алијанса – Скопје
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Наташа СУКИЧ, Проектен менаџер
+ 386 40 220 196
natasa.sukic@mail.ljudmila.org

ЗДРУЖЕНИЕ „СТУДЕНТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР“ (ШКУЦ) – ЉУБЉАНА, СЛОВЕНИЈА
Татјана ГРАЈФ
+ 386 40 950 973
tatjana.greif@guest.arnes.si
www.skuc.org
https://www.FACEBOOK.com/Sekcija-SKUC-LL-898596363539749

ЖЕНСКА АЛИЈАНСА – СКОПЈЕ
Петар СТОЈКОВИЌ
+ 389 75 339 116
info@womensalliance.mk, contact@petarstojkovik.com
www.womensalliance.mk
https://www.FACEBOOK.com/wamacedonia
https://TWITTER.com/wamacedonia

GRANT PROJECT
www.raznolikst.org