Семинар за лидерство и управување 2

×

Error message

  • Deprecated function: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in include_once() (line 20 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/file.phar.inc).
  • Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1387 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/bootstrap.inc).
  • Notice: Trying to access array offset on value of type int in element_children() (line 6656 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
  • Notice: Trying to access array offset on value of type int in element_children() (line 6656 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
  • Notice: Trying to access array offset on value of type int in element_children() (line 6656 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
  • Notice: Trying to access array offset on value of type int in element_children() (line 6656 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
  • Notice: Trying to access array offset on value of type int in element_children() (line 6656 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
  • Notice: Trying to access array offset on value of type int in element_children() (line 6656 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
  • Notice: Trying to access array offset on value of type int in element_children() (line 6656 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
  • Notice: Trying to access array offset on value of type int in element_children() (line 6656 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
  • Deprecated function: implode(): Passing glue string after array is deprecated. Swap the parameters in drupal_get_feeds() (line 394 of /home/fingermk/public_html/taeugrants.net/includes/common.inc).
27 May 2016
Семинарите за лидерство и управување се замислени како можност за грантистите да ги споделат своите искуства, да ги разменат своите најдобри практики и да изнајдат решенија за проблемите. Семинарите се воедно и прилика да се научи нешто ново и да се подобрат вештините на повеќе теми во доменот на раководење со организации и управување со проекти, како што се вмрежување, ангажирање на корисниците, квалитет на проектите, одржливост, и иновација.

Семинарите за лидерство и управување првенствено се наменети за координаторите на грантовите проекти и/или лица коишто имаат моќ на одлучување во организациите, како што се претседатели, извршни директори и сл.

За 2016 година планирани се вкупно 3 Семинари за лидерство и управување, а уште 3 се планирани за 2017 година.

Со семинарите беше воведена и методологијата на „Светско кафуле“, при што учесниците беа поделени во 8 тематски групи (маси во „Светското кафуле“), врз основа на совпаѓањето или сличноста на нивните полиња на интервенција или целни групи:

  1. Жените Ромки на пазарот на трудот,
  2. Можности за вработување во руралните средини,
  3. Маргинализираните групи на пазарот на трудот,
  4. Иницијативи на Општините,
  5. Зајакнување на можностите за вработување,
  6. Образование и обука,
  7. Жени од етничките малцинства, и
  8. Социјална инклузија.


Ваквата поделба е заснована на првичната оценка на грантовите проекти врз основа на нивните грантови апликации. Доколку е потребно, на грантистите може да им биде дозволено со текот на времето да ја сменат групата или соодветно да ја преименуваат.



Следниве се темите што беа опфатени со 2. Семинар за лидерство и управување:



  • Важноста на показателите во следењето на проектниот успех: што се показатели, што може да ни кажат показателите а што но, важноста на показателите во различните фази од животниот циклус на проектот (почетна фаза, фаза на спроведување, фаза на оценка), видови на показатели (влезни и излезни показатели, показатели за постапките, изведбата, исходот и влијанието), квалитативни наспроти квантитативни показатели, СМАРТ (паметни( показатели, прибирање на податоци.

  • Оснажување и ангажирање на проектните корисници: оснажување во проектите за социјална инклузија, оснажување на корисниците на проектните услуги; дефиниција за оснажување, рамнотежа на моќи, еманципација; цели на оснажувањето, оснажување и социјална работ; управување со случаи (дефиниција, задачи, функции), личен план за вработување, план на поединечен предмет (случај); вклучување на семејството, доверливост, карактеристики на оснажувањето.



  • Соработка и вмрежување во проектите – причини и начини: дефиниција, начела и методи на вмрежување; конкретни основи за вмрежување во грантовата програма „Поттикнување на социјална инклузија“; совпаѓање и/или сличности на целните групи (примарни и секундарни), на географските области, и на активностите.



Учесниците исто така работа и на практични вежби во рамките на своите тематски маси во „Светското кафуле“. Од учесниците беше побарано да споделат примери на успешно поставување на показатели од нивното сопствено искуство. Понатаму, од двата списока што им беа дадени со можни дејствија, им беше побарано да ги разработат оние дејствија коишто самите ги користат за да ги оснажат своите проектни корисници и исто така да поразговараат дали и како го користат „Личниот план за управување“ којшто им беше прикажан (или некоја слична алатка). За крај, им беше побарано да пронајдат еден или повеќе грантови проекти со кои споделуваат исти или слични целни групи, географски подрачја на делување или активности, и потоа да размислат на кои начини и во кои временски рокови може да развијат заеман соработка и вмрежување.

Еден од најважните аспекти на 2. Семинар за лидерство и управување беше промовирањето на проектната веб страница, а особено на нејзиниот форум. Беше направен подробен осврт врз сите делови од веб страницата. Беше укажано на разликата помеѓу општите корисници (општата јавност), којашто ќе може да ги симнува ресурсите од настаните, и регистрираните корисници (грантистите), коишто ќе може да се приклучат и на форумот и на често поставуваните прашања. Беше направена показна вежба за тоа како грантистите да се најават на форумот и да се вклучат во дискусиите (да коментираат или пак да одговараат на веќе поставените теми). Беше упатен повик до грантистите да ги прочитаат сите проектни синопсиси објавени во делот за „Грантистите“, со цел да ги пронајдат сличните проекти со коишто ќе може да соработуваат и да се вмрежуваат. Исто така, беа поканети интензивно да го користат форумот, така што ќе поставуваат прашања или пак ќе даваат одговори за проблеми кои го попречуваат непречното спроведување на проектите. Им беше појаснето дека проектните експерти ќе ги следат и ќе учествуваат во дискусиите на форумот, а и дека грантистите исто така може да изберат да им пишат директна порака на експертите; но сепак, грантистите беа поттикнати да разменуваат информации и да ги споделуваат своите искуство пред сè меѓу самите себеси. На крајот, грантистите беа поканети интензивно да ја користат целата веб страница во претстојниот двонеделен период и да проследат повратни информации до проектниот тим за евентуални технички пропусти или можни функционални подобрувања.

И овој пат на семинарот учествуваа надзорните службеници (мониторинг офицери) од МТСП. За време на вежбите, тие им се приклучија на масите на „Светското кафуле“ и им помогнаа на грантистите да ги разрешат проблематиките поврзани со поставување на показатели, вклучување на корисници и вмрежување.

Теоретското предавање се одржа во пленарен состав со помош на презентации во „Пауер поинт“, додека пак вежбите се работа во 8-те групи (маси) на „Светското кафуле“ како што се наведени погоре, со помош на работни материјали и презентации на табла.

Семинарот го одржаа нашиот Експерт за ЕУ грантови, г-а Андреја Тонч, и Помошникот тим лидер, г. Радомир Трајковиќ, кои и двајцата ги покрија и двете презентации подготвени од нашиот Тим лидер и Виш експерт, г-а Марија Маринаку, бидејќи не беше во можност да присуствува на семинарот. Во текот на денот, Тим лидерот им се обрати на присутните преку „Скајп“.

Семинарот се одржа во една слушателска група на 27 мај 2016 година, во хотелот „Порта“ во Скопје.