

Семинарите за лидерство и управување првенствено се наменети за координаторите на грантовите проекти и/или лица коишто имаат моќ на одлучување во организациите, како што се претседатели, извршни директори и сл.
За 2016 година планирани се вкупно 3 Семинари за лидерство и управување, а уште 3 се планирани за 2017 година.
Со семинарите беше воведена и методологијата на „Светско кафуле“, при што учесниците беа поделени во 8 тематски групи (маси во „Светското кафуле“), врз основа на совпаѓањето или сличноста на нивните полиња на интервенција или целни групи:
Ваквата поделба е заснована на првичната оценка на грантовите проекти врз основа на нивните грантови апликации. Доколку е потребно, на грантистите може да им биде дозволено со текот на времето да ја сменат групата или соодветно да ја преименуваат.
Учесниците исто така работа и на практични вежби во рамките на своите тематски маси во „Светското кафуле“. Едниот аспект на групната работа се фокусираше на подобро разбирање на состојбата на сопствениот грантов проект по пат на запознавање со и учење од другите грантови проекти. Другиот момент во групната работа се фокусираше врз градењето на тимовите. Од учесниците беше побарано да дадат индивидуална оценка за најразлични одлики поврзани со преживување, и потоа да пресметаат колкава просечна оценка се добива на ниво на тимот во којшто припаѓаат.
Моментот кој учесниците особено го ценеа беше вклучувањето на надзорните службеници (мониторинг офицери) како од МТСП така и од ЦФЦД. Заедно со нив беа отворени повеќе проблеми и беа дадени предлози за практични решенија.
Теоретското предавање се одржа во пленарен состав со помош на презентации во „Пауер поинт“, додека пак вежбите се работа во 8-те групи (маси) на „Светското кафуле“ како што се наведени погоре, со помош на работни материјали и презентации на табла.
Семинарот го одржа нашиот Тим лидер и Виш експерт, г-а Марија Маринаку, со помош на нашиот Експерт за ЕУ грантови, г-а Андреја Тонч, и со поддршката од нашиот Помошник тим лидер, г. Радомир Трајковиќ.
Семинарот се одржа во една слушателска група на 5 април 2016 година, во хотелот „Порта“ во Скопје.