Следниве се темите што беа опфатени со 1. ден од обуката во средишна фаза од спроведувањето на грантовите проекти:
- Управување со грантовиот договор: цел, главни актери, проток на комуникација; преглед на Посебните услови (членови 1-7); преглед на Анексите I-X (член 6); преглед на Општите услови (Анекс II); Општи одредби: обврска за доставување на извештаи, сопственост, користење на резултатите и средствата, следење и оценка, измена на договорот; Финансиски одредби: квалификувани трошоци, исплати, рокови, конверзија на валути, сметководство, конечен износ на грантот, поврат.
- Програмско и финансиско управување: вовед, програмско управување во споредба со / наспроти финансиското управување; главните предизвици од пракса: честа промена на персоналот, проблеми во комуникација со партнери и засегнати страни, слаба вклученост на целните групи, слаба ЕУ видливост на проектот; квалификувани трошоци: дефиниција и видови, како да се утврдат; доказни документи: дефиниција и видови, како да се утврдат и соберат; систем на архивирање; сметководствен систем.
- Измена на грантовиот договор: преглед на договорните обврски, процедури што треба да се следат, примери за најчести грешки; амандман во споредба со / наспроти модификација; како да се разликуваат поситни од покрупни измени во грантовиот договор; временски рок за известување на Договорниот орган.
Учесниците исто така работа и на практични вежби на полето на:
- Проблеми во спроведувањето на проектите: што да се прави кога ќе си замине тековниот проектен менаџер, кога ќе се задоцни со активностите, кога новиот претседател на партнерската организација нема да покаже интерес за понатамошна соработка, при ненаменско трошење на проектните средства, во случај на неуспешни тендерски постапки, при слаба продуктивност (на пр., извештај од истражување) на ангажираниот персонал.
- Дефинирање на Список и содржина на доказни документи.
- Измена на буџетот: примери за помали промени за кои е потребна нотификација (соопштување на измената) наспроти поголеми промени за кои е потребен адендум (додаток за кој е потребно одобрување) наспроти промени кои воопшто не се дозволени.
Теоретското предавање се одржа во пленарен состав, со помош на презентации во „Пауер поинт“, додека пак вежбите се работа во 4 помали работни групи, со помош на работни материјали и презентации на табла.
Семинарот го одржа нашиот Експерт за ЕУ грантови, г-а Андреја Тонч, со меродавен придонес од нашиот Тим лидер и Виш експерт, г-а Марија Маринаку, и со поддршката од нашиот Помошник тим лидер, г. Радомир Трајковиќ.
Обуката се одржа со 4 слушателски групи на 11, 12, 14 и 15 април 2016 година, во хотелот „Порта“ во Скопје.