МАКЕДОНСКИ АКТИВНИ ПЛАТФОРМИ ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА (МАПСИ)

Местоположба на проектот: 

18 општини од 6 изборни единици.

Времетраење на проектот: 

18 месеци: од 15.12.2015  до 15.06.2017.

Севкупна цел: 

Да се создаде МАПСИ – Македонска активна платформа за социјална инклузија – од вкупно 18 активни платформи –мрежи што ќе вклучуваат широк спектар теми и целни групи, со цел значително да се подобри статусот на ранливите групи на локално ниво.

Специфични цели: 
  • Да се зајакне улогата на релевантните засегнати страни (единици на локална самоуправа, владини институции, НВОи, и други релевантни засегнати страни) во развојот, спроведувањето и следењето на програми за социјална инклузија со посебен фокус на градењето партнерства, вмрежување и соработка;
  • Да се зголеми учеството на сите локални засегнати страни за подобрување или создавање можности за лицата под социјален ризик и социјално исклучените лица да добијат лесен пристап до пазарот на труд;
  • Засегнатите страни да имаат активна улога во развојот, спроведувањето и следењето на програми за социјална инклузија на локално ниво.
Целни групи / корисници: 

Целни групи:

  • Ранливи групи и лица изложени на социјален ризик на локално ниво во секоја од 18 општини (млади лица и жени);
  • Вработени во локалната и централната администрација, јавни институции, и граѓански организации што работат во полето на социјална инклузија на најранливите групи.

Корисници:

  • Единиците на локалната самоуправа;
  • Општинските Совети;
  • Владини тела/јавни институции претставени на локално ниво;
  • Организации на граѓанско општество;
  • Бизнис сектор / заедница;
  • Верски организации на локално ниво;
  • VРазни локални интересни групи и синдикати (земјоделци, занаетчии, здравствени организации, синдикати, стопански комори, итн.);
  • Младински совети;
  • Академски институции;
  • Локални медиуми и пошироката јавност;
  • Граѓаните на Република Македонија.
Активности: 

Работен пакет бр. 1 – Работа со локални граѓански организации (ГО).

  • Средби и создавање координативна мрежа на граѓански организации – 18 организации на локално ниво;
  • Работилница и обука за градење капацитети за координација и следење на Локалната активна платформа за социјална инклузија (мултипартитен социјален дијалог во општината) - Обука за обучувачи (ОзО за Матрицата за следење);
  • Врз основа на моделот за следење, координативната мрежа на ГО ќе формира еднообразна стратегија за создавање на инклузивна програма од страна на сите засегнати страни.

Работен пакет бр. 2 – Работа со локални засегнати страни.

  • Поединечни средби со засегнатите страни на локално ниво и создавање сеопфатна инклузивна листа на сите локални засегнати страни присутни во целната општина;
  • Сеопфатни локални конференции координирани од локалните ГО. Креирање Локални активни платформи за социјална инклузија Локалните засегнати страни ќе бидат обучени да го користат моделот за следење (Матрицата) и да ги идентификуваат критичните точки и решенијата за поголема интеграција и инклузија на целните групи;
  • Постојана работа на ЛАПСИ – 3 работилници на локално ниво во секоја целна општина.

Работен пакет бр. 3 – Видливост и комуницирање на проектните резултати.

  • Во Скопје ќе се одржи Конференција на македонските активни платформи за социјална инклузија – национално ниво – сите 18 локални платформи ќе ги презентираат стратегиите и програмите спроведени и ќе отворат јавна дискусија за исходите;
  • Промовирање на програмите на МАПСИ на локално ниво – Подготовка на соопштенија за печат и медиумска кампања;
  • Создавање интернет платформа за зголемување на соработката меѓу и во општините и понатамошно ширење и мултиплицирање на резултатите.

Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид (ОИ) – Скопје

Партнерска организација: 
Македонско женско лоби (МЖЛ) – Скопје
Контакт податоци: 
ПРОЕКТНА КООРДИНАЦИЈА
Билјана ЈАНЕВА, Извршен директор
+389 70 244 694
b.janeva@oi.org.mk

ИНСТИТУТ ЗА ЕКОНОМСКИ СТРАТЕГИИ И МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ ОХРИД (ОИ) – СКОПЈЕ
+389 2 322 4457
info@oi.org.mk
https://www.FACEBOOK.com/OhridInstitute
https://TWITTER.com/OHRIDInstitute