Семинар за лидерство и управување 1

05 Apr 2016
Семинарите за лидерство и управување се замислени како можност за грантистите да ги споделат своите искуства, да ги разменат своите најдобри практики и да изнајдат решенија за проблемите. Семинарите се воедно и прилика да се научи нешто ново и да се подобрат вештините на повеќе теми во доменот на раководење со организации и управување со проекти, како што се вмрежување, ангажирање на корисниците, квалитет на проектите, одржливост, и иновација.


Семинарите за лидерство и управување првенствено се наменети за координаторите на грантовите проекти и/или лица коишто имаат моќ на одлучување во организациите, како што се претседатели, извршни директори и сл.

За 2016 година планирани се вкупно 3 Семинари за лидерство и управување, а уште 3 се планирани за 2017 година.

Со семинарите беше воведена и методологијата на „Светско кафуле“, при што учесниците беа поделени во 8 тематски групи (маси во „Светското кафуле“), врз основа на совпаѓањето или сличноста на нивните полиња на интервенција или целни групи:

  1. Жените Ромки на пазарот на трудот,
  2. Можности за вработување во руралните средини,
  3. Маргинализираните групи на пазарот на трудот,
  4. Иницијативи на Општините,
  5. Зајакнување на можностите за вработување,
  6. Образование и обука,
  7. Жени од етничките малцинства, и
  8. Социјална инклузија.


Ваквата поделба е заснована на првичната оценка на грантовите проекти врз основа на нивните грантови апликации. Доколку е потребно, на грантистите може да им биде дозволено со текот на времето да ја сменат групата или соодветно да ја преименуваат.

Следниве се темите што беа опфатени со 1. Семинар за лидерство и управување:
 
  • Вовед во Проектот за техничка помош: делокруг и визија, цели, клучни засегнати страни, клучни активности, географска распределеност на грантистите, стратегијата и начелата на техничката помош, видливост и клучни пораки.


  • Утврдување на состојбата во која се наоѓаме: сите грантисти добија прилика да размислат за тековната состојба во која се наоѓаат во однос на регистрацијата и спроведувањето на грантовиот проект; да ги препознаат, наведат и подредат според приоритет сите предизвици со кои се соочуваат во моментов; и низ заемна размена со другите проектни тимови да ја споредат својата состојба со другите проекти.

  • Партнерство и лидерство: како да се состават и раководат успешни проектни тимови, кои се главните карактеристики и предизвици на ефективните проектни тимови, како да се поттикне ефикасноста на проектните тимови, фази во развојот на тимот; аспекти поврзани со поединечни членови во тимот (состав на тимот); стилови на раководење со тимот, судири во управувањето на проекти, ефективна комуникација; својствата и одликите на ефективниот проектен менаџер, разликата помеѓу проектен менаџер (управител, раководител) и проектен лидер (предводник, водач), меки вештини, комбинирање на техниките на проектен менаџмент и проектно лидерство.


  • Како да се разбере ПРАГ и општите упатства: што е ПРАГ и каде може да се најде, важноста на ПРАГ од гледната точка на грантистите и од гледната точка на договорниот орган, неговите суштински начела и прописи; што претставува грант, како се оценува, главните предизвици и недостатоци на грантовите; главните чекови во постапката за набавка, препораки.


Учесниците исто така работа и на практични вежби во рамките на своите тематски маси во „Светското кафуле“. Едниот аспект на групната работа се фокусираше на подобро разбирање на состојбата на сопствениот грантов проект по пат на запознавање со и учење од другите грантови проекти. Другиот момент во групната работа се фокусираше врз градењето на тимовите. Од учесниците беше побарано да дадат индивидуална оценка за најразлични одлики поврзани со преживување, и потоа да пресметаат колкава просечна оценка се добива на ниво на тимот во којшто припаѓаат.

Моментот кој учесниците особено го ценеа беше вклучувањето на надзорните службеници (мониторинг офицери) како од МТСП така и од ЦФЦД. Заедно со нив беа отворени повеќе проблеми и беа дадени предлози за практични решенија.

Теоретското предавање се одржа во пленарен состав со помош на презентации во „Пауер поинт“, додека пак вежбите се работа во 8-те групи (маси) на „Светското кафуле“ како што се наведени погоре, со помош на работни материјали и презентации на табла.

Семинарот го одржа нашиот Тим лидер и Виш експерт, г-а Марија Маринаку, со помош на нашиот Експерт за ЕУ грантови, г-а Андреја Тонч, и со поддршката од нашиот Помошник тим лидер, г. Радомир Трајковиќ.

Семинарот се одржа во една слушателска група на 5 април 2016 година, во хотелот „Порта“ во Скопје.